Алити: Итно да се најде подобро решение по укинување на Балансерот
Алити: Итно да се најде подобро решение по укинување на Балансерот

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација Адмирим Алити во изјава за Алсат оценува дека е погрешно укинувањето на балансерот без итна замена со подобар механизам.
„Мислам дека беше можно да се замени овој механизам со уште подобар механизам од балансерот, но да се остави балансерот без да се стави подобар механизам од балансерот е погрешно и затоа ВЛЕН се обидува да го направи Законот за правична и соодветна застапеност“, рече Адмирим Алити, поранешен министер за информатичко општество и администрација.
Алити оценува дека предлог/ законот за правична застапеност не треба да се испраќа до Венецијанската комисија за да не се создаваат бирократски прашања и да се одолговлекува процесот на одобрување. Но, и да се испрати, според него, нема ризик, бидејќи тоа е нормална практика а Европската Унија поддржува правична и соодветна застапеност, но не поддржува злоупотреба.
„Мислам дека нема потреба да го испраќаме Законот до Венецијанската комисија или на друго место, ние како уставна основа имаме дека мора да имаме правична и соодветна застапеност. Сè што ни треба е механизам. Досега тоа беше механизмот за балансирање, кој беше далеку од идеален, но функционираше. Сега мора да имаме подобар механизам од балансерот“, додаде Адмирим Алити, поранешен министер за информатичко општество и администрација.
Алити потсетува дека во периодот додека тој беше министер, поточно од јануари 2022 година до февруари 2023 година, имало многу случаи кога бил злоупотребен балансерот, односно граѓаните лажеле за нивната етничка припадност само за да се вработат./Алсат.мк
Суад Бајрами