Загревањето на домќинствата, меѓу главните загадувачи на воздухот
Загревањето на домќинствата, меѓу главните загадувачи на воздухот

Согорувањето на дрва, сообраќајот, отпадот од горење, нафтата и мазутот се најголемите загадувачи на воздухот-покажуваат резултатите од истражувањето за изворите на загадувачи на воздухот во општините Гостивар, Куманово, Кавадарци, Струмица, Струга.
Министерот за екологија, Изет Меџити, рече дека како и во сите поголеми градови во Скопје, главен фактор за загадувањето е начинот на загревање на домаќинствата. Тој рече дека се планира целосна гасификација за излез од ситуацијата.
„Во соработка со општините, веројатно и проектите на општините,кои годинава се во износ од 100 милиони, голем број се во Министерството за екологија, исто така ќе придонесат за подобра екологија, подобра животна средина. Мислам дека во иднина треба да го вратиме проектот за гасификација на Македонија, кој може значително да придонесе за поевтин ресурс за граѓаните, но истовремено за намалување на загадувањето на воздухот. Секојдневно работиме напорно за да го решиме овој и други проблеми”, рече Изет Меџити, министер за екологија.
Како други мерки, Меџити ја спомена и промената во начинот на греење во здравствените установи и училиштата. Проектот на НДП во соработка со општините предвидува реализација на проекти кои ќе влијаат на намалување на загадувањето./Алсат.мк
Ајнур Бафќари