ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Констатирани одредени недостатоци при лекувањето на 14 месечното бебе и родилката од Куманово

Констатирани одредени недостатоци при лекувањето на 14 месечното бебе и родилката од Куманово

Министерот за здравство Арбен Таравари, ги презентираше извештаите за смртта на 14-месечното бебе на Детската клиника како и смртта на 31-годишната мајка од Куманово. Кај бебето, Таравари рече дека се констатирани три вида на отстапки, и тоа технички, системски и професионални. На клиниката во Козле недостасуваат респираторни апарати. При проценката на потребата од хоспитализација на бебето по втор пат е констатирано невнимание при неговото испраќање на контрола на Детската клиника, додека во Козле е забележана несоодветна проценка во однос на сериозноста на респираторните проблеми и третманот. При транспортот на бебето од Козле до Детската клиника имало пропусти.

Advertisements

„Во делот на системските грешки, констатирано е дека не постојат алгоритми за тријажа на пациентите при приемот на клиниката. Во однос на техничките грешки, констатирано е дека недостасува апарат за дишење, инвазивен и неинвазивен, како во Клиниката за педијатрија така и во Козле, констатиран е недостаток на апарат кој се нарекува видео ларингоскоп кој помага при интубација на детето. Исто така, постои и пропуст во транспортот на пациентите од Козле до детската клиника. Од аспект,на стручни забелешки, стручната комисија има направено наод за пропуст за проценка на приемот на детето, во втората контрола спроведена на 3 октомври“, рече Арбен Таравари, министер за здравство.

Во случајот на 31-годишната жена од Куманово, Таравари рече дека од извршените увиди, констатирани се административни и технички грешки, но не и професионални.

„Кај Општата болница во Куманово констатирани се одредени административни и технички грешки, но заклучокот на комисијата е дека овие пропусти не можат да бидат директни или индиректни причини за акутно влошување на состојбата на починатата госпоѓа“, додаде Арбен Таравари, министер за здравство.
Таравари рече дека извештајот на комисијата ќе биде испратен до двете клиники и до Етичката комисија на Лекарската комора, надевајќи дека сериозно ќе се сфати и ќе се преземат мерки, додека до конечна одлука за лекарите, тие ќе продолжат да работат на клиниката./Алсат.мк

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button