
Околу 19,00 часот во полиција било пријавено дека се пукало пред општина Чаир. Полицијата веќе е на местото на настанот, додека сведоците за Алсат рекоа, дека се работи за тепачка со оружје и нож. Не се знае бројот на повредените, но тие се веќе транспортирани до болница. Алсат ќе ве информира за инцидентот./Алсат.мк