ЗАБАВАМЕТРОПОЛ

Пи Диди останува во притвор

Раперот Шон Диди Комбс останува во притвор во очекување на неговото судење. Озлогласениот музичар беше уапсен на 17 септември, а се товари за рекетирање, трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и кривични дела поврзани со проституција.

Advertisements

Неодамна неговиот адвокатски тим по трет пат поднесе барање за кауција, што беше одбиено од судијата. Така, Диди ќе го чека во притвор своето судење кое е закажано за 5 мај 2025 година.

Неговото судење ќе се одржи во ист ден со Мет Гала, каде што тој неколкупати гостуваше.

Инаку, Диди неодамна побарал да му бидат предадени сите докази за да може да се подготви за својата одбрана на судењето. Неговиот правен тим бараше пристап до сè што федералните власти запленија од домовите на раперот во Мајами и Лос Анџелес, вклучително и мобилни телефони, таблети, лаптопи и слично.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button