ВЕСТИСВЕТ

Тело на 2 годишно дете пронајдено на границата меѓу Хрватска и Унгарија

Безживотно тело на двегодишно дете е пронајдено во близина на хрватската граница со Унгарија, а неговиот татко е осомничен за убиство.

Advertisements

Страшниот инцидент се случил во унгарското село Закон, кое се наоѓа во близина на границата меѓу Хрватска и Унгарија. Имено, пронајдено е безживотно тело на двегодишно дете, а за убиството на детето е осомничен неговиот татко, кој со амбулантно возило е пренесен во болница со повреди опасни по живот.

Унгарските власти се сомневаат дека мажот (37) се обидел да се самоубие откако го убил детето.

Засега не се познати повеќе детали за злосторството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button