МЕТРОПОЛ

ИНФЛУЕНСЕРКА ВО ШОК: Ајкула ја каснала на Малдиви!

Хрватската инфлуенсерка Ела Јерковиќ неодамна беше касната од ајкула на Малдивите.

Advertisements

Како што изјавила Ела за медиумите, за време на патување низ островот пливала со ајкули, но една ја каснала.

-Пливањето со ајкули отсекогаш било моја желба. Тоа е безопасен вид за луѓето, ајкула „дадилка“ која вообичаено јаде риба, изјави Ела за порталот „Слободна Далмација“.

Таа и групата која пливала со ајкулите добиле инструкции како да се однесуваат во морето со нив и да не ги допираат и да не се обидуваат да ги галат, да прават ненадејни движења со рацете или да се туркаат меѓу нив.

-Ми беше редот да влезам во морето и да нурнам меѓу ајкулите додека водичот ме снимаше со подводна камера. Секако дека ги почитував сите правила и додека се уште бев на површината на морето водичот ми објасни во која насока да нуркам. Почувствував каснување од десната страна. За момент останав шокирана, но не почувствував никаква агресија од ајкулата, почувствував како случајно да ме каснала. Имајќи предвид дека водичот фрлаше риба во мојата непосредна близина, мислам дека ајкулата по грешка ме касна за рака, таа не продолжи да напаѓа, рече Ела.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button