ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за застојот на патот кон ЕУ

Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за застојот на патот кон ЕУ

Политичарите во земјава изразуваат жалење за одлуката на ЕУ да се одвои Македонија од Албанија на патот кон интеграција во големото европско семејство. Лидерот на ДУИ Али Ахмети потенцира дека земјава треба да направи се што може за да обезбеди европска иднина за своите граѓани, демонстрирајќи лидерство и решителност.

Advertisements

„Не може а да не се спомене очајот што Северна Македонија денеска не е на страната на Албанија поради блокирањето на нашето европско патување како резултат на неспроведувањето на преговарачката рамка одобрена од Советот на Европската Унија и Северна Македонија. Мора да дадеме се од себе за да ја обезбедиме и запечатиме европската иднина на нашите граѓани, демонстрирајќи лидерство и решителност. Немаме друга алтернатива! Европа е нашиот единствен пат“, рече Али Ахмети- лидер на ДУИ.

И СДСМ изразија жалење. Според нив, ВМРО-ДПМНЕ и како опозиција и како власт намерно го блокира европскиот пат на државата.

„Наместо да биде ден кога сите политички субјекти и граѓаните заедно ќе се радуваат на нов национален и државен успех, на нова надеж за подобро утре, денеска со горчина може да контстатираме дека Македонија повеќе нема европска перспектива. Никој друг не е виновен за тоа освен Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак ги обвинија СДСМ и ДУИ дека ги манипулирале граѓаните со фотографии од авион и дека тие се виновни за застојот во европската интеграција./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button