ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рама: Алабнија ќе биде подготвена за ЕУ до 2030

Рама: Алабнија ќе биде подготвена за ЕУ до 2030

Албанија денеска седи пред претставниците на ЕУ на првиот ден од отворањето на поглавјата за членство. Премиерот Еди Рама изјави дека ЕУ не може без Западен Балкан, исто како што Балканот не може без ЕУ. Тој додаде дека секој чекор на успех што ќе го направи Албанија треба да се гледа како чекор напред за целиот Балкан.

Advertisements

„Токму со „помош“ на Владимир Путин овој процес доби нова брзина по агресијата во Украина која послужи како повик за будење и ја потсети Европа дека и е потребен Западен Балкан, колку што на Западен Балкан му треба ЕУ. Денеска сме овде бидејќи Албанија ги исполни сите услови за да ја започне оваа нова фаза од преговорите и останува посветена на спроведување на сите идни обврски. Тоа ќе го направиме заедно со нашите партнери преку преговори, со јасна посветеност и напорна работа“, рече Еди Рама, премиер на Албанија.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји рече дека Албанија ги исполнила барањата на ЕУ.

„Почнавме да ја градиме Европа во Албанија. Ги решивме проблемите што постојат со децении. Тоа е затоа што Албанија никогаш не се срамела да направи се што е побарано од неа на нејзиниот европски пат. Се надевам дека ова ќе продолжи бидејќи ако продолжи, тоа значи дека со сите алатки што ги поставивме, Албанија може да се подготви да биде земја членка до крајот на следниот мандат“, додаде Оливер Вархеји, комисионер за проширување.

Унгарија, која во моментов претседава со ЕУ, е задоволна од ваквиот чекор на Албанија.

„Разбираме дека Европската Унија ја губи својата конкурентност, ја губи својата тежина кога станува збор за глобалната политика и економија, затоа разбираме дека и треба свежина, нова енергија, нов поттик и да биде директен сосед со Западен Балкан и познавајќи го добро регионот, знаеме дека оваа свежина и оваа нова енергија ќе дојде од регионот на Западен Балкан“, нагласи Петер Сијарто, министер за надворешни работи на Унгарија, претседателство со ЕУ.

Владата на Албанија ќе треба да одобри економски и инвестициски план, како и сериозно да се справи со проблемот со корупцијата. Кластерот „Основи“ го вклучува функционирањето на демократските институции, реформите во јавната администрација, судскиот систем, основните права, слободата и безбедноста, како и јавните набавки, статистиката и финансиската контрола. Со ова Албанија им се придружува на Црна Гора и Србија како трета земја од Западен Балкан која ги отвора поглавјата од преговорите. Минатиот месец Албанија се отцепи од Северна Македонија, која останува блокирана на нејзиниот пат кон членство поради ветото на Бугарија.

„Ќе ја направиме Албанија подготвена за Европската унија до 2030 година„, додаде Еди Рама, премиер на Албанија./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button