ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изборот на новата директорка на Акаемијата за судии може да биде оспорен

Изборот на новата директорка на Акаемијата за судии може да биде оспорен

Загрижувачки е трендот да нема образложение за одлуките кои ги донеле институциите, а кои се клучен филтер за влез на судиите и јавните обвинители во судскиот систем, порача денеска Дарко Аврамовски од „Коалиција сите за правично судење. Изјавата на Аврамовски се однесува на вчерашниот избор на новата директорка на Академијата на судии и јавни обвинители, а која беше избрана од управниот одбор со тајно гласањсе. Јавноста не можеше да слушне зошто од сите пријавени кандидати, изборот паднал на Ирина Трајкоска-Стрезоски.

Advertisements

„Не навлегувајќи во тоа дека гласањето мора да биде јавно, ако сакате да ја подобрите довербата на јавноста во судскиот систем и ако сакате да ја зголемите репутацијата на институциите кои ги претставувате и застапувате, мора да ги образложувате своите одлуки и да ја убедите и јавноста и избраните и неизбраните кандидати дека навистина сте ја донеле вистинската одлука и дека нема некој несоодветни фактори кои влијаеле на носењето на таа одлука„, рече Дарко Аврамовски, извршен директор на „Коалиција сите за правично судење“.

Со шест гласа „за“, вчера управниот одбор на академијата ја избра обвинителката Ирина Трајкоска Стрезоски за нова претседателка, но гласањето се одвиваше тајно, што пак е спротивно на членот 9 од Статутот на самата Академија. Според Аврамовски ова значи дека постои основ да биде поднесена и тужба пред Управниот суд.

„Пред управниот суд може да биде оспорена одлуката, веројатно можеби би имало и некаква законска можност затоа што беше отстапено од законскиот начин предвиден за гласање меѓутоа не навлегувајќи тоа, дури и да немате изречни одлуки кои налагаат дека треба да ги образложите сопствените одлуки и гласови, тоа секогаш треба да го прават„, додаде Дарко Аврамовски, извршен директор на „Коалиција сите за правично судење“.

Инаку на настанот на кој зборуваше Аврамовски, беше презентирана состојбата со бројот на судии и јавни обвинители и земјава, а анализата покажува дека во последните пет години бројот на судии во земјава е намален за дури една четвртина. Состојбата со обвинителите пак не е толку загрижувачка, но и овде имаме намалување, па така моментално во земјава има 16 обвинители помалку отколку пред пет години./Алсат.мк

Михаило Донев

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Состојба за човечките ресурси во судовите и јавните обвинителства – истражување на коалиција сите за правично судење
Да истражиме дали навистина имаме недостаток на јавни обвинители и судии или можеби проблемот е дали несоодветно ги менаџира е постоечките ресурси како држава Направена е анализа за состојбата во сите 34 судови, како и во сите 28 обвинителства
Предмет на анализа – број на вработени, број на предмети за период од пет години од 2020 до 2024 За само пет години бројот на активни судии се намалил за 125 судии Апелационо подрачје Скопје има одлив од 39 судии помалку, Битола 31 помалку, Штип со 18 помалку и Гостивар со 17 помалку
Март 2020 494 судии, март 2020 – 369 судии
Апелационо подрачје Битола е најпогодени затоа што повеќе од една третина веќе не извршуваат судиска функција
За пет години 52 судии Избрани Надоемстена безмалку една третина
Одливот е секогаш поголем од приливот Вкупниот обем на работа во судовите се зголемувал Ниту ќе добијат санкции за работењето нити ќе добијат бонуси ако работат како што треба
Ако во март 2020 година во сите 34 судови во земјава имало 494 судии, во 2024 година бројката се намалила на 369 судии,

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button