Седумдесетгдишен маж, пријавен за сексуално злоставување пуштен на слобода
Седумдесетгдишен маж, пријавен за сексуално злоставување пуштен на слобода

Седумдесетгодишен маж бил уапсен, а потоа бил ослободен иако е осомничен за сексуално злоставување на 13-годишно дете, ученик во основно училиште со настава на албански јазик во Куманово. Полицијата се сомнева дека 70-годишниот маж сексуално го злоставувал детето. Алсат ја обезбеди пријавата на родителот, кој настанот го пријавил во полиција на на 9 октомври.
„Осомничениот го зел 13-годишното дете од училиштето го носел на различни места во Скопје, како што се паркови и чајџилници, а претходно во неговиот пијалок турил течни капки кои предизвикувале вртоглавица, а исто така му дал и цигари. Тоа го сторил бидејќи осомничениот носел ладно оружје со себе и детето било исплашено. Однесувањето на детето се промени во последно време, тој е поагресивен и груб. Еден ден кога бев со мојот син, лицето за кое станува збор (осомничениот) ни пријде и ни ги покажа неговите гениталии“, се вели на Пријава на родителот.
На 10 октомври осомничениот беше уапсен, но по неколку часа беше ослободен. Ова го потврдија и од Министерството за внатрешни работи.
„На 10 октомври во 22:30 часот полицијата го уапси осомничениот И.С. (70 години) од с. Никуштак од Општина Липково. Тој е обвинет за неколкукратно сексуално злоставување на детето. Известено е ОЈО и против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава “, велат од Министерство за внатрешни работи.
Јавното обвинителство оцени дека за вакво сомневање нема потреба од мерки на претпазливост. Од обвинителството ни соопштија дека се чека вештачење, од кое треба да се утврди евентуалното кривично дело, а направени се и психолошки консултации со детето.. Ако се утврди дека 70-годишниот осомничен сексуално го злоупотребил детето, против него ќе бидат предложени најригорозни мерки на претпазливост, како што е притворо Кривичното дело за кое станува збор предвидува затворска казна од најмалку 10 години ако сторено против лице помладо од 14 години./Алсат.мк