
По покачувањето на платите на службениците и вработените во Хрватска, сега хрватската влада воведува нови правила за работа од дома. Тоа ќе биде можност, а не право на државен службеник и ќе треба да работи во канцеларија најмалку два дена.
Со новата уредба на државните службеници ќе им се овозможи да работат од дома три дена во неделата, вклучително петок и понеделник, а за тоа ќе одлучи претпоставениот службеник одговорен за функционирањето на телото, изјави државната секретарка во Министерството за правда, Фадила Баховиќ.
„Имаше одредени погрешни толкувања и дезинформации дека регулативата забранува работа од дома во петок или понеделник, но морам да кажам дека тоа не е точно. Регулативата не ја спречува таквата можност“, рече Баховиќ.