ЗАБАВАМЕТРОПОЛ

НАСА: Третата овогодишна супермесечина ќе се појави кога и кометата Кучиншан-Атлас ќе биде на небото

Октомвриската супермесечина е најблиску до Земјата оваа година и утре ќе ја достигне својата полна лунарна фаза, а ќе се појави во пар со комета, што ќе обезбеди ретка можност за сите оние кои сакаат да ги набљудуваат ѕвездите и вселената, објави НАСА.

Advertisements

Третата од четирите супермесечини оваа година вечерва ќе биде оддалечена од Земјата 357.364 километри, што ќе ја направи уште поголема и посветла од август и септември, а како што најавуваат научниците – утре ќе ја достигне целосната лунарна фаза, пренесува АП.

Во релативна близина на Земјата се наоѓа кометата Цучиншан-Атлас, која беше откриена минатата година, а сега ќе биде видлива на северната хемисфера откако ќе ги воодушеви набљудувачите на јужната хемисфера на Земјата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button