МАКЕДОНИЈА

Ја удирал партнерката по глава, стомак и грб, ОЈО бара притвор за скопјанец

Триесет и двегодишен скопјанец завчера ја претепал својата вонбрачна партнерка во близина на домот. Основното јавно обвинителство Скопје најави дека ќе спроведе истражна постапка против него за кривично дело тешка телесна повреда од член 131.

Advertisements

Во извештајот од Обвинителството се вели дека меѓу двајцата на 14 октомври настанала вербална расправија во такси-возило додека се враќале кон својот дом. Кога биле во близина на домот, осомничениот ја фатил жената за коса, ја извадил од такси-возилото и ја удрил со глава во челото, а од ударот ѝ ја пукнал левата аркада.

Потоа, додаваат од Обвинителството, продолжил да ја удира по носот, вилицата, стомакот и грбот, нанесувајќи и тешки телесни повреди – контузија, фрактури и крвни подливи.

До судијата на претходна постапка од Основниот суд во Скопје, јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button