ВРЕДИ нема подршка за формирање на Академијата

Во моментов, најверојатно нема да се реализира идејата на коалицијата ВЛЕН здружението на академици Албанци да се претвори во Академија бидејќи оваа иницијатива не добива поддршка од ниту една политичка партија во државата. Премиерот Христијан Мицкоски смета дека оваа тема функционира само за опозициските партии кои сакаат да го подигнат или намалат својот политички рејтинг. Тој претпочита парите на општините да се користат за инфраструктурни проекти.
Идејата на ВЛЕН не ја поддржуваат ниту од ДУИ. Обвинуваат дека наместо академија Вреди направила маалско здружение.
Во формата што беше најавена вчера и формата што беше пропагирана порано, има огромна разлика. Девалвирачки е академија да функционира како невладина организација. Не сме заинтересирани да поддржуваме проекти кои им штетат на интересите на Албанците и проекти што го оцрнуваат она што е албанско во РСМ“.
Поддршка нема ниту од СДСМ. Нивното образложение е дека МАНУ е Академија која ги претставува сите етникуми.
Имајќи предвид дека за формирање академија на науките и уметностите потребна е согласност од коалициониот партнер, ќе биде невозможно ВЛЕН законски да ја регулира оваа работа. Дополнително, ВЛЕН нема доволно советници во ниту една од четирите општини кои презедоа иницијатива за финансиска поддршка на невладиното здружение, бидејќи Бадентерово мнозинство.