
Израел има право да го нападне Хезболах во Либан дури и во цивилни згради, но тоа мора да го направи на начин што ќе ги заштити цивилите, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.
Запрашан на редовниот брифинг со новинарите за израелскиот напад врз општинската зграда во јужниот либански град Набатиех, во кој загинаа 16 лица, вклучувајќи го и градоначалникот, Милер рече дека не може да коментира за поединечни напади, но нагласи дека САД „не сакаат да се уништуваат цивилни згради“.
„Сфаќаме дека Хезболах понекогаш дејствува под и во домови на цивили. Видовме снимки од ракети и друго оружје складирани во цивилни домови кои се појавија во последните две недели. Израел има право да ги нападне овие легитимни цели, но тоа мора да го прави на начин што ја штити цивилната инфраструктура, ги штити цивилите“, рече тој и додаде:
„Вашингтон поддржува ограничени израелски упади за напад и ослабување на Хезболах, но се противи на широка кампања за бомбардирање на Бејрут и напади кои не избегнуваат да им наштетат на цивилите“, објасни Милер.