СВЕТ
Австралија ќе и донира 49 тенкови „Абрамс“ на Украина

Австралија ќе и подари на Украина 49 стари американски борбени тенкови „М1А1 Абрамс“, соопшти денеска пред состанокот на НАТО во Брисел, австралискиот министер за одбрана Пет Конрој.
„Ние стоиме со Украина во нејзината борба против илегалната инвазија на Русија“, рече министерот Конрој.
Опремени со топ од 120 милиметри, овие 60-тонски тенкови беа создадени меѓу 1985 и 1993 година и беа надградени пред да бидат купени од Канбера во средината на 2000-тите.
За австралискиот трансфер на остарениот „Абрамс“ во „трета земја“ беше потребна и дозвола од САД, согласно регулативите за меѓународниот сообраќај со оружје (ИТАР).