МАКЕДОНИЈА

Уапсени двајца турски државјани – пренесувале мигранти низ Македонија

На 16.10.2024 во 14.30 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Ф.С(21) и О.Ч.Д.(19), двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје.

Advertisements

При контрола во возилото „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.С., биле пронајдени пет лица мигранти од Ирак, од кои едно женско лице и еден малолетник.

Додека, при преглед во возилото „цитроен ц3“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал О.Ч.Д., биле пронајдени четири лица мигранти, од кои еден малолетник.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button