ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Николовски за Коридорот 8: Постоечкиот проект е неприфатлив

По неколку пропаднати обиди, Македонија и Бугарија во Брисел го започнаа дијалогот за заеднички да ја продолжат изградбата на пругата која е дел од Коридорот 8. Со посредство на претставници на ЕК средбата се одржала на ниво на државни секретари, онака како што инсистираше бугарската страна. Македонските претставници биле децидни дека  не може да се прифати реализација на проект кој што завршува во тунел за кој во Бугарија нема проект. Министерот Николовски останува на ставот дека постоечкиот проект е неприфатлив, бидејќи цената е превисока.

Advertisements

Ние инсистираме на нашите позиции да има заеднички проект и да е изводлив за изградба на пругата на Коридорот 8 со Бугарија и да се разгледа цената, бидејќи по сегашната цена не можеме да го реализираме, изјави денеска министерот за транспорт Александар Николоски.

-Овој проект сигурно нема да се работи, дали ќе работиме нов, ќе видиме. Почна вчера дијалог во Брисел, а следната средба ќе биде за две недели на 31 октомври. Да видиме што ќе направиме. Ние инсистираме на нашите позиции да има заеднички проект и да е изводлив проектот, како и да се разгледа цената, бидејќи по оваа цена секако дека не можеме да го реализираме. Да видиме што ќе направиме. Јас се уште сум против овој проект, изјави Николоски

Бугарската страна пак порачала дека во овој момент нема проект на кој би работеле на доизградба на железницата до границата со Македонија и изградба на тунел, но изразиле подготвеност да започнат со изработка на проект кој би бил готов во 2026 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button