ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Позната состојбата на повредените во несреќата кај Катланово

Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција врз телата на тројцата загинати во вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес.
Од Обвинителството информираат дека се преземаат дејствија за утврдување на причините. Четворица од повредените во несреќа кај тунелот во близина на Катланово се пренесени на КАРИЛ.
Здравствената состојба им е стабилна но критична и сите се на интензивна нега. Еден од повредените е хоспитализиран во старата општа болница со тешки телесни повреди.
Несреќата се случи вчера попладнето кога од засега непознати причини патничко комбе се преврти при што три лица загинаа, а делницата беше блокирана за сообраќај до рано утрово.