СПОРТ
Ига Швјонтек со нов тренер влегува во новата сезона

Првата светска тенисерка Ига Швјонтек ќе продолжи да работи и да се подготвува за турнирите со нов тренер.
Соработката со досегашниот тренер Томаш Викторовски заврши, иако двајцата заедно остварија големи резултати во кариерата. Нов тренер на Швјонтек ќе ѝ биде Вим Фисет.
Се работи за познат тениски тренер кој во минатото работеше со доста големи имиња како Викторија Азаренка, Симона Халеп, Петра Квитова, Сара Ерани, Ким Клајстерс, Сабин Лисицки…
Швјонтек се подготвува за завршниот ВТА турнир кој ќе се одржи во Ријад, а таму ќе ја брани титулата.