
Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, даде изјава со која изрази поддршка за новиот селектор Томас Тухел, за кого искажа само позитивни зборови и го нарече „голем и квалитетен стратег“.
Англиската јавност е незадоволна од изборот на новиот селектор, но Кејн ја смирува ситуацијата и ветува одлични резултати со Тухел на кормилото.
„Тухел е одличен и квалитетен тренер. Соработувавме во Баерн Минхен и се радувам што повторно ќе работиме заедно. Тој е феноменална личност, секогаш е ведар и позитивен, но во исто време строг и максимално посветен на фудбалот. Мислам дека мора да му дадеме шанса да се претстави во добро светло“, изјави Кејн.
Томас Тухел за првпат во кариерата ќе работи како селектор на национален тим, а претходно во кариерата ги предводеше Мајнц, Борусија Дортмунд, ПСЖ, Челзи и Баерн Минхен.