ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во 2020 година нерешени илјадници барања на граѓани за добивање државјанство

Додека траат судирите меѓу власта и опозицијата околу Законот за државјанство, Алсат дознава дека илјадници барања на граѓани сè уште не се разгледани. Во фиоките на Агенцијата за национална безбедност остануваат 2.536 апликации, а лани Агенцијата не дала мислење за 843 барања за државјанство, додека во текот на 2019 година за 912 барања. Процедурите се запрени и во Владината комисија за тест за владеење јазикот, кој во текот на изминатата година никогаш не се состанала. Во ова тело во текот на 2020 година опстанале заглавени 114 мислења, а 326 во текот на 2019 година.

Advertisements

Податоците кои ги обезбеди Алсат покажуваат дека во последните четири години, статусот „Државјанин на С. Македонија“ го добиле 2.571 лице, од кои 2.371 Албанец и 150 Македонци. Минатата година беа издадени повеќе позитивни решенија за државјанство, во споредба со претходните три години. Вкупно 859, сите за баратели Албанци. Во 2019 година биле издадени 439 позитивни решенија за баратели Албанци и 3 за баратели Македонци. Во 2018 година државјанство добиле 546 баратели Албанци заедно со 60 сограѓани Македонци, додека во 2017 година 527 баратели Албанци и 87 Македонци се стекнале со државјанство.

ГодинаПозитивни одлуки за АлбанциПозитивни одлуки за Македонци
2020859/
20194393
201854660
201752787
Вкупно2.371150

 

За период од 4 години, Агенцијата за национална безбедност издала 223 негативни одговори на барања за државјанство. Но, она што се издвојува е фактот дека нема негативно мислење за баратели од македонска етничка припадност. Во 2020 година биле одбиени 87 барања на Албанци, во 2019 година 75, во 2018 година 33 и во 2017 година 28.

ГодинаНегативни одлуки за АлбанциНегативни одлуки за Македонци
202087/
201975/
201833/
201728/
Вкупно223/

 

Постапката за добивање државјанство ја обврзува Агенцијата за национална безбедност да процени дали некое лице е опасно за државната безбедност во рок од 6 месеци од денот кога наведеното лице го поднесува барањето за државјанство. Доколку АНБ не даде никаква проценка во рок од 6 месеци, тогаш автоматски барањето понатаму се обработува како да добило позитивна оценка. Сепак, за многу случаи иако поминале 6 месеци постапките не биле процесуирани во други институции од каде се правдаат  со пандемијата.

Предложените законски измени на албанската опозиција кои во моментов се во Собранието имаат за цел да ги олеснат процедурите за добивање државјанство. Некои од предложените законски решенија се неприфатливи за другите партии. Сепак парламентарното мнозинство се согласува да расправа за изнаоѓање на прифатливо решение.

Министерството за внатрешни работи, преку свое мислење за предлогот на опозицијата, ги отфрли сите предлози на опозицијата, како што се стекнување државјанство преку тројца сведоци, наследување на државјанство од прва и втора генерација, наследување на државјанство преку брак и добивање статус државјанин познавајќи го само албанскиот како службен јазик.

Anesa Salihu

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button