СПОРТФУДБАЛ

Поради слаба ефикасност, Зиркзе се враќа во Серија А

Манчестер јунајтед летово потроши огромна сума пари на засилувања, но според резултатите на стартот од новата сезона екипата е далеку од врвот, не само во Премиер лигата, туку и во Лига Европа.

Advertisements

Од Зиркзе се очекуваше многу, холанѓанецот требаше да ја подобри ефикасноста, челниците на Јунајтед го гледаа како машина за голови. Но, реалноста е сосема поинаква. Поразителен е фактото дека тимот на Ерик тен Хаг на тие седум натпревари постигна само пет голови. Еден од тие пет беше дело на Зиркзе, на дебито погоди во финишот против Фулам за победа во првото коло.

Англиските медиуми тврдат дека Зиркзе ќе го напушти „Олд Трафорд“ во јануари. По две неверојатни сезони во Болоња, Зиркзе направи чекор напред во кариерата и се пресели во Јунајтед. Како што сега стојат работите, тој многу лесно би можел да се врати на Апенинскиот полуостров. Планот на Јунајтед е да го испрати на позајмица во Јувентус кој покажа сериозен интерес за негов потпис.

Секако, во Манчестер Jунајтед активно бараат замена за еден од најголемите неуспеси, а прв пик е словенечкиот напаѓач Бенјамин Шешко. Според некои информации, неговата откупна клаузула е 65 милиони евра, што не би требало да биде голем проблем за Јунајтед.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button