СВЕТ

Портокалово предупредување по силното невреме во Франција

Огромни поплави предизвикаа сериозна штета во делови од југоисточниот регион на Франција по повеќедневни дождови. Метео Франс издаде црвено предупредување за шест делови јужно од Лион, но денеска предупредување е намалено на портокалово, што укажува дека нивото на водата повторно ќе се намалува.

Advertisements

На одредени места во регионот Ардеш паднаа до 700 милиметри дожд за 48 часа. Тоа е повеќе од годишната количина на врнежи во Париз, изјави министерката за животна средина Агнес Паније-Рунашер за БФМ ТВ.

Француските медиуми прикажуваа автомобили, сообраќајни знаци и животни кои беа однесени од поплавата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button