Мисајловски: Поголемо издвојување за одбраната ќе биде еден од приоритетите на Владата

Едно од главните прашања за кои се разговараше на дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, што вчера и денеска се одржа во Брисел, беа одбранбените трошоци, изјави за МИА министерот за одбрана Владо Мисајловски по завршувањето на средбата.
– Колку проценти ќе одвоиме од нашиот буџет е навистина важно прашање за мала земја како Македонија. Знаете дека нашиот буџет за (одбраната) треба постојано да расте. Иако сме над два проценти од бруто домашниот производ, ние гледаме како да го зголемуваме буџетот, посочи Мисајловски.
Како дел од напорите за справување со новите предизвици, земјите членки на НАТО се обврзаа трошоците за одбраната од нивните буџети да бидат најмалку два проценти од националниот БДП. Според податоците на НАТО, земјава годинава за потребите на одбраната издвои 263 милиони долари, што претставува 2,22 отсто од БДП, со што ја надмина зацртаната цел, заедно со уште 23 други членки на Алијансата.
Според Мисајловски, приоритет на Владата во наредниот период ќе биде да имаме повеќе за средства модернизација, но и за се она што ќе ни биде поставено како цели и обврски од НАТО.