Унгарскиот кредит израдува повеќето општини, но Скопје, Сарај, Струмица и Теарца ја немаа оваа среќа
Унгарскиот кредит израдува повеќето општини, но Скопје, Сарај, Струмица и Теарца ја немаа оваа среќа

Општините кои аплицираа а не добија пари од унгарскиот кредит, се не задоволни од одлуката на Владата. Од ДУИ се сомневаат дека распределбата на буџетот е направила од тесна група луѓе, како што сакале.
„Ќе земам еден пример, општина Тетово и општина Куманово, во кои имаме нерамнотежа, имаме многу јасен одраз дека распределба на ресурсите не е на транспарентен и правилен начин„, рече Арменд Арслани – ДУИ.
Незадоволна беше и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, која го нарече премиерот Мицкоски суетен.
„Одлуката на Владата на Република Македонија да не распределува средства за проектите за кои аплицираше Градот Скопје уште еднаш ја потврдува секташката состојба на Владата на чело со Христијан Мицкоски. Со оваа одлука тој докажа дека неговата суета е поважна од потребите на граѓаните, додека со оние кои не го мислат истото се соочува со сегрегација и политички прогон, докажувајќи дека нема ниту демократски ниту лидерски капацитет„, рече Данела Арсовска – Градоначалничка на Скопје.
Понекогаш е подобро човек да премолчи некои работи, и одговори Шефот на Владата на градоначалничката. Нераспределбата на средства за четирите општини го оправдува со тоа што не ја доставиле комплетната документација, потенцирајќи дека можат повторно да го направат тоа.
Незадоволна од одлуката на Владата остана и општина Сарај. Од таму велат Велат преку проектите планирале да ги реконструираат патните правци, во селата Ласкарце и Сфиларе. Без пари од унгарскиот кредит останаа и општините Струмица и Теарце./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу