Мицкоски не открива детали од прекршокот на поранешниот директор на НАБ
Мицкоски не открива детали од прекршокот на поранешниот директор на НАБ

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да ги објавува извештаите за досегашната работа на Агенцијата за национална безбедност, поднесени од поранешниот директор Жарко Милошевски бидејќи се доверливи. Но вели дека првиот го добил два и пол месеци по добивањето на мандатот, со што сфатил дека според него има проблеми со оваа институција.
Премиерот Мицкоски очекува дека промената на врвот во Агенцијата за национална безбедност со кадар кој има искуство во оваа дејност ќе придонесе за поефикасно соправување со криминалот во државата и безбедноста на граѓаните. Од СДСМ пак побараа смена на партиските кадри од професионалните институции, а со ова и разрешување на Христовски.
Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање, двете клучни институции во областа на безбедноста, ќе претрпат нови реформи, вклучително и нивно спојување во една институција. Мицкоски вели дека за ова е информиран и претседателот.
Мицкоски претходно изјави дека ќе има конкретен план за спојување на безбедносните институции во наредните месеци. /Alsat.mk