Министерството за здравство сè уште нема донесено одлука за наградување на целиот медицински персонал коj беше вклучен во справување со пандемијата и лекувањето на заразените

Министерството за здравство сè уште нема донесено одлука за наградување на целиот медицински персонал коj беше вклучен во справување со пандемијата и лекувањето на заразените. Од министерството велат дека по бројните поплаки од вработените, кои не биле наградени со по 30.000 денари, ја разгледуваат состојбата и можноста за да се направи тоа.
Министерство за здравство
Постојат пропусти, има поплаки, кои поплаки добро е да се собираат, и да се поднесе барање на ниво на раководство на институциите во кои работат овие вработени, како и во Министерството за здравство. Тие ќе бидат разгледани и ние ќе одговориме соодветно, како што мислиме дека е најдобро.
Опозицијата вели дека гестот за поддршка на медицинскиот персонал е за поздравување, но додава дека треба да се внимава во вакви случаи. Беким Татеши од Алијансата за Албанците, вели дека не треба да се негира ничиј придонес и секој што е на линијата на фронтот дефинитивно треба да биде награден.
Ќе се ангажираме и преку реакции, преку разни прес-конференции, ќе дадеме се од себе за оваа група што е изоставена да кажеме, да ја добие потребната награда. Ние исто така предлагаме оваа награда во блиска иднина да се повтори уште еднаш, и особено овде сакам да ги споменам здравствените работници кои работат на клиниката за инфективни болести, како и во инфективните одделенија во најголемите болници во Република Северна Македонија.
Владата во 4-от пакет мерки за ублажување на финансиската криза предизвикана од пандемијата, обезбеди помош од 30 000 денари за 7.600 лица кои се дел од медицинскиот персонал како медицински сестри, помошен персонал и други. Сепак, имаше бројни реакции од административниот персонал на многу болници кои се ангажирани како логистика во Ковидцентрите.
Mefail Ismaili