ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Димитриевски не е против употреба на албанското знаме според закон

Димитриевски не е против употреба на албанското знаме според закон

Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ, го омекнува ставот за употребата на албанското знаме од страна на функционерите на ВЛЕН. И покрај неговите изјави дека ЗНАМ ќе ја напушти Владата доколку министрите Албанци продолжат да го користат знамето во своите канцеларии, тој во интервју за Алсат вели дека нема намера да ја напушти Владата, а истовремено вели дека знамето мора да се користи во согласност со законот.

Advertisements

Димитриевски не гледа ништо лошо што на средба го примил рускиот амбасадор, а за рускиот јазик рече дека се учи повеќе од 70 години во две основни и средни училишта.

Тој зборуваше и за средствата што ги доделила Владата, од кои Куманова добила 4,5 милиони евра. Од овие средства, само една населба во која живеат граѓани од повеќе етнички заедници ќе има корист од атмосферската канализација, додека остатокот од средствата ќе заврши во двете економски зони.

Димитриевски рече дека е задоволен од укинувањето на балансерот, бидејќи тоа е заложба на неговата партија бидејќи според него државата не видела ништо добро од овој механизам. За предлогот на законот за бранители рече дека доколку дојде на дневен ред ЗНАМ ќе гласа за овој закон./Алсат.мк

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button