СПОРТ

Промена на врвот на ВТА листата, Сабаленка се врати на првото место

По околу една година Арина Сабаленка се врати на првото место на ВТА листата и веднаш се пофали на социјалните мрежи:

Advertisements

„Број еден… Ајде да видиме колку долго ќе трае“

Белорусинката дебитираше на првата позиција минатата година во септември, по завршувањето на УС Опен. Таа ја задржа тениската круна околу два месеци, а потоа ѝ ја одзеде Ига Швјонтек со освојување на завршниот Мастерс во Канкун. И сега се подготвува слична ситуација, бидејќи конкуренцијата на најдобрите осум во Ријад, од 2 до 9 ноември, повторно ќе го реши врвот на светската листа.

Сабаленка има само 41 бод повеќе, па нијанси ќе се решаваат по завршувањето на Мастерсот.  Арина влегува во својата деветта недела на врвот и е рангирана само на 26. место во најдолгото владеење во историјата. Ако остане на првата позиција до Австралија опен, каде го брани трофејот, ќе ги прескокне Венус Вилијамс (11), Ана Ивановиќ и Аранча Санчез (12), Џенифер Капријати (17), Јелена Јанковиќ (18), Ким Клајстерс (20)…

Од друга страна, Ига застана на 125 недели на чело на ВТА и е седма во историјата. Пред неа се Штефи Граф (377), Мартина Навратилова (332), Серена Вилијамс (319), Крис Еверт (260), Мартина Хингис (209) и Моника Селеш (178).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button