СВЕТ

Трамп продаваше помфрит – кампањата за претседателските избори во САД влегува во финишот

Додека кампањата за претседателските избори во САД влегува во финишот, кандидатите на секој начин се обидуваат да му зададат удар на противникот, пишува Би-би-си на српски.

Advertisements

Така, Доналд Трамп, републиканскиот кандидат, ја „посоли“ кампањата продавајќи помфрит во синџирот ресторани за брза храна „Мекдоналдс“ во Пенсилванија.

За тоа време, неговата противкандидатка од Демократската партија, Камала Харис, беше во Џорџија и на социјалната мрежа Икс напиша: „Трамп е исцрпен, нестабилен и несоодветен да биде претседател на САД“.

Додека Трамп беше на краток престој во Мекдоналдс, Камала Харис во неделата го прослави својот 60-ти роденден и ја посети црквата во близина на Атланта, Џорџија, каде што ги повика верниците да гласаат против „хаосот, стравот и омразата“, кои, како што додаде, се олицетворение на нејзиниот републикански ривал.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button