ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Наутро студено, преку ден претежно сончево со температура до 24 степени

Денеска времето во земјава ќе биде наутро студено, а преку денот претежно сончево, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). По одделени котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура се движи во интервал од минус три до осум Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 16 до 24 степени.
Во Скопје се очекува слично време, наутро студено, а преку денот сончево и претежно тивко. Утринската температура во главниот град ќе се спушти до четири, а максималната дневна ќе изнесува 21 Целзиусов степен.