МАКЕДОНИЈА
Автобус на ЈСП удрил во 55-годишна жена во Батинци

Педесет и петгодишна жена е тешко повредена откако била удрена од автобус на ЈСП.
„Вчера во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.7“ во село Батинци, Скопско, автобус на ЈСП со скопски регистарски ознаки при тргнување удрил во А.Н.(55) од с.Драчевица, Скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Н., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.