ВЕСТИЗДРАВСТВО

Клиника „Козле“: Стручна комисија и стручниот колегиум не најдоа лекарски пропуст во третманот на починатото дете

Од клиниката за респираторни заболувања кај децата, „Козле“, денеска повторно го изнесоа својот став во врска со смртта на 14 месечното бебе. Од таму нагласуваат дека надлежната Комисија не утврдила никаква стручна грешка кај медицинскиот персонал при третманот на болното дете.

Advertisements

„Сакам повторно да нагласам дека како директор на Универзитетската Клиника за респираторни заболувања кај децата Козле веднаш формирав стручна комисија на клиниката која го разгледа целиот случај и не најде никаков лекарски стручен пропуст во третманот, следењето и лекувањето на пацентот. Веднаш потоа се состана во два наврати и стручниот колегиум кој се согласи со извештајот на комисијата на клиниката (во прилог е доставен детален извештај од клиниката со бројна медицинска документација која сведочи за превземената лекарска грижа, истата е доставена уредно и до министерството за здравство и во лекарската комора).

Уште еднаш би сакала да информирам дека пациентот во нашата клиника е веднаш прифатен, направени се бројни анализи, поставен на терапија според интерните протоколи на клиниката, постојано следен, мониториран и под кислородна подршка која е контролирана и мониторирана а поради невообичаеното рапидно и прогресивно влошување на состојбата на детето, истото беше препратено на КДБ по претходен договор и најава со дежурниот педијатар, со организиран транспорт на ИМП во придружба на лекар и медицинска сестра, во согласност со интерниот протокол за префрлување на болно дете во друга институција за продолжување на лекувањето.

Стручната комисија како и едногласноста на колегиумот се мој императив дека во нашата клиника е превземено се во третманот на детето“, наведува доктор Каролина Симоновска – директор и стручен колегиум на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата, Козле.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button