МАКЕДОНИЈА

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков вели дека вчерашниот демант од Синдикалната организација на СОНК при Зоолошката градина – Скопје е креиран од вработените во Зоолошката кои, иако постапиле согласно сите протоколи, биле изложени на јавен линч.

Advertisements

Како што изјави денеска Неделков, одговорајќи на новинарски прашања, овие вработени се сомневаат дека објавата на која реагирале е всушност на Град Скопје, како и дека многу работи воопшто не кореспондираат со вистината.

-Демантот е креиран од вработените кои учествуваа во настанот квалификуван во јавноста како немил и хорор. Тие се почувствуваа како да се поставени на линч од јавноста. Вработените реагираат за незаконското снимање и објавување фотографии и видеа за кои дополнително, со коментари и текст, јавноста беше поттикната за таквиот однос кон нив, рече денеска претседателот на СОНК, Јаким Неделков во врска со вчерашната објава на Синдикалната организација на СОНК при Зоолошката градина – Скопје со која се демантира соопштението на Зоолошката споделено на нејзината официајлна фејсбук страница. Особено истакнуваат дека постапиле согласно закон, согласно напатствијата на АХВ и согласно сите домашни и европски протоколи. Ништо не направиле спротивно на правилата, прописите и протоколите. На сметка на тоа, се најдоа на јавен линч, рече Неделков

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button