ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сто пациентки чекаат скен на коските, од Институтот за патофизиологија велат немаат изотопи

Сто пациентки чекаат скен на коските, од Институтот за патофизиологија велат немаат изотопи

Сто пациентки од Клиниката за онкологија 2 месеца чекаат за скен на коски на Институтот за патофизиологија, а оттаму им рекле дека немаат изотопи, кажа денеска Ана Марјановиќ од Здружението „Хема-онко“ .

Advertisements

За недостигот на изотопи, министерот за здравство Арбен Таравари рече дека е информиран и ќе види што можат да направат наредните денови, бидејќи тоа е во надлежност на Медицинскиот факултет. За поплаките на болните од рак кои не можат да закажат термин за мамографија, Таравараи рече дека за мамографија не се чека повеќе од еден месец.

Таравари најави дека овие пациенти наскоро би можеле да ги направат контролите во болниците од градовите од каде што доаѓаат пациентите./Алсат.мк

Линда Ебиби

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button