Бојкотот на училиштето во село Моране, Студеничани влезе во својата трета недела
Бојкотот на училиштето во село Моране, Студеничани влезе во својата трета недела

Министерката за образование, Весна Јаневска, не даде зелено светло за одвојување на училиштео „Наим Фрашери“ од село Моране, Општина Студеничани, кое веќе влезе во третата недела од бојкотот. Според Јаневска, барањето за одвојување на објектот од централното училиште не држи и нема причина за исполнување на истото. Таа, исто така, ги повика учениците да се вратат на училиште што е можно поскоро.
Во основното училиште „Наим Фрашери“ од село Моране од Општина Студеничани, од 7 октомври започна бојкотот на наставата. Според иницијативниот совет, наставата се бојкотира, бидејќи не се дозволува одвојување на училиштето, кое во моментов функционира како периферчно училиште на централното училиште на селото Студеничани. Жителите на Моране гневни за Алсат изјавија дека барањето за одвојување на училиштето започнало во 2014 година и ги исполнува сите услови за самостојно функционирање. Исто така, жителите рекоа дека меѓу главните причини за одвојувањето на училиштето е недостатокот на инвестиции во овој објект од страна на општината. Според жителите, освен спортската сала, секоја друга инвестиција во ова училиште е направена со средства на жителите. Општина Студеничани апелираше до жителите да го прекинат бојкотот бидејќи е штетен за учениците./Aлсат.мк
Мелихате Рустеми