ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Студено и магливо утро, преку денот сончево со слаб ветер

По студеното утро, денеска нè очекува претежно сончево време. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на денот ќе дува слаб ветер, главно од северен правец. По одделни котлини и речни долини можна е магла во утринските часови.
Минималните температури ќе се движат во интервал од -2 до 7 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 17 до 24 степени.
Во Скопје утрото ќе биде студено и магливо во делови од котлината, а денот претежно сончев. Температурите ќе се движат во интервал од минимални 3 до максимални 23 степени.
Слично време УХМР најавува и за наредните денови.