ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите од зградата која гореше, остануваат без покрив на главата

Околу 600 жители од зградата, чиј подрум беше зафатен во пожар во скопски Чаир и по 21 ден, се уште не се вратени во своите домови.

Advertisements

Жителите се привремено сместени кај свои роднини или по хотели во Скопје. Полициските сили и денеска се пред влезот од зградата и го обезбедуваат објектот.

И по 21 ден се уште трае истрагата во зградата која се запали во Чаир, според обвинителството, се уште нема детали што го предизвикало пожарот во оваа зграда.

Според обвинителството, вчера се вршеле истраги во подрумските простории од каде започнало шиењето на огнот, но се уште нема детали за причините за пожарот кој на улица остави повеќе од 600 жители од оваа зграда. .

„Ги проверуваат  подрумските простории каде според првичните сомнежи избувнал пожарот. За причините за пожарот ќе ве информираме по завршување на целиот увид“, велат од ОЈО.

По пожарот во оваа зграда, жителите ги посети и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, кој изјави дека екипи на стручни лица од сеизмолошкиот завод дале дозвола жителите да ги земат вредните предмети со полициска придружба, но за целосно враќање во домовите ќе го чекаат конечниот извештај дали зградата е безбедна за живеење или не. Пожарот изби на 2 октомрви во раните утрински часови. Дел од жителите беа евкуирани и побраа лекарска помош поради вдиушување на чад.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button