ВЕСТИЗДРАВСТВО

Струшката болница оставена со долг од 2 милиони евра

Долг од 2 милиони евра и блокирана жиро сметка,наследило новото раководство на струшката општа болница. Директорот Владимир Бунчески, за Алсат вели дека затекнале катастрофално лоша состојба. Се преземаат мерки за одблокирање на сметката, преку спогодби со доверителите за репрограмирање на долговите, но оти е потребно време сето тоа да се среди. Она што најмногу загрижува е фактот што  со години не се подмирувале долговите.

Advertisements

„Воведовме доста строга финансиска дисциплина. Гледајки пред се кој се најстари фактури за плаќање да се плаќаат, исклучиво по фактура, а не паушално. Има од 2019 година, 2020 година, неисплаќани фактури. Како функционирала. Си има определени средства кои доаѓаат од Фондот за здравство и кои не се предмет на блокирање за да се исплатат плати и придонеси и разни одбитоци. И она што ќе остане од тие средства се користи за плаќање кон коминтентни и други средства од партиципации и од придонеси од наши сопствени активности“, вели Владимир Бунчески, директор на Општа болница Струга.

На прашањето дали ќе побара одговорност за ваквото работење и за состојбата во која е доведена болницата, Бунчески вели дека има надлежни органи за тоа.

„Јас не сум тој кој треба да оцени дали точно и исправно работеле.Мене ме интересира од денот кога ја презедов болницата и натаму да нема пропусти, што евидентно се случувале претходно. Во тие два милиони евра голем дел отпаѓа на камати за застарени сметки и плаќање адвокати и извршители“, додава Бунчески.

Од болницата добиле ветување од Министерството за здравство дека ќе добијат финансиска помош, за што побрзо закрепнување.Во  струшката болница пациенти од целиот југозападен регион се лечат најмногу на одделот за педијатрија, како и на хируршкото одделение. Со години кадри на ДУИ, беа на чело на струшката болница. Дополнителен проблем се и бројните вработвања во минатото на персонал со догвор на дело. Бунчески вели дека се вработувале луѓе и таму каде што треба и онаму каде не било потребно. Нивниот број во моментот е 48.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button