МАКЕДОНИЈА

Јавен превоз денеска речиси и да немаше

Се додека Јавното претпријатие не ги извести граѓаните дека поради државниот празник автобусите на јавниот превоз сообраќаат по неделен возен ред, некои линии на овој начин сообраќаат и во другите работни денови.

Advertisements

На дел од линиите, ниту денес, ниту во другите денови од неделата, нема автобуси. Граѓаните велат дека би биле среќни автобусите да возат и по неделен распоред, но и тоа не се случува. Автобусот со број 55е речиси нефункционален.. Бидејќи приватните превозници штрајкуваат, автобуси има дури после 17:00 часот, но граѓаните не знаат по кој распоред возат. Распоредот на веб-страницата и на електронските табли на автобуските станици, воопшто не соодветствува со реалната состојба, што ги принудува граѓаните да бараат други алтернативи за да стигнат до училиште, работа .

„Воопшто нема, уште чекаме, нема..Воопшто нема ни другите денови, ниту еден ден. Учениците од Арачиново пеш доаѓаат“, реагираат граѓаните.

Веќе подолго време трае хаосот со јавниот превоз, а од неодамна приватните превозници започнаа штрајк откако не беше усвоено нивното барање за поскап километар. Ова намалување на линиите секојдневно предизвикува хаос во сообраќајотот на главниот град. Автобусите се ретки, чекањата се долги, а гужвите огромни.

Друг проблем со кој се соочува јавниот превоз се дефектите на автобусите. Само во последните неколку месеци два автобуса беа зафатени од пламен, додека друг автобус излетал во близина на центарот на Мавровка удрил во бетонскиот раб, а возачот се пожали дека педалата на сопирачката не работела.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button