ВЕСТИСВЕТ

По терористичкиот напад во Анкара, Турција погоди цели на Курдите во Сирија и Ирак

По терористичкиот напад во Анкара, турските воздухопловни сили погодија цели на Курдистанската работничка партија (ПКК) во северен Ирак и во Сирија, објави Министерството за одбрана на Турција доцна вечерта во средата, јавува турската новинска агенција Анадолу.

Според извештајот на турското министерство, во воздушната операција во северен Ирак и Сирија успешно се уништени 32 терористички цели, а значителен број терористи се „неутрализирани“.

Advertisements

„Турските вооружени сили, кои произлегуваат од нашата благородна нација, ќе ја продолжат борбата против тероризмот со одлучност и решителност за опстанок и безбедност на нашата земја и нација додека не остане ниту еден терорист, како во минатото. За време на овие операции, преземени се сите неопходни мерки за да се осигури дека нема да бидат повредени невините цивили, пријателските елементи, историските и културните добра и животната средина“, се додава во соопштението на Министерството за одбрана на Турција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button