ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Бежоска: Денарот е стабилен, девизните резерви се зголемени

Денарот е стабилен, а гаранција за тоа е високото ниво на девизните резерви, коешто и покрај бројните шокови и натаму расте и на крајот на септември изнесува 4,4 милијарди евра. Сегашното ниво на девизните резерви е повисоко од пред пандемијата за 40%, или за околу една милијарда евра, што е значителен пораст, особено во години исполнети со шокови невидени досега, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Годишните средби на ММФ и Светската банка.

Advertisements

Според неа, ова се поволни трендови коишто говорат за натамошно јакнење на општата макроекономска политика и стабилноста на домашната валута.

-Причините се поповолните надворешни случувања, особено во сегментот на странските директни инвестиции, коишто за првата половина од годината изнесуваат 500 милиони евра, но ова покажува дека се  стабилни и очекувањата на домашните економски субјекти“, посочила гувернерката во интервјуто за Гласот на Америка.

Зборувајќи за инфлацијата, Ангеловска-Бежоска истакнала дека во светски рамки и кај нас, сведочиме за постабилни инфлациски движења, односно стабилизирање на инфлацијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button