МАКЕДОНИЈА

Левица: Министерот Филков од ЗНАМ должи одговор за помилувањата наркобосови

Одлуката за помилување на прочуени криминалци докажува дека Силјановска, ДПМНЕ и ЗНАМ ја продолжуваат праксата на Пендаровски и СДС. Во само една година, вторпат се помилува член на криминалната група Барон, првиот пат од СДС, а потоа од ДПМНЕ, велат од Левица.

Advertisements

– Одговорност не смее да избегне ниту министерот за правда од ЗНАМ, Филков, кој на јавноста и затворениците коишто оправдано чекаат слобода е должен да им објасни какви предлози, односно олеснувачки околности за македонското подземје доставил до претседателката Силјановска. Филков од ЗНАМ е должен да каже и дали согласно Законот за помилување, можеби, тој самиот, по службена должност, ја повел постапката за помилување.

Изјавата на Силјановска и нејзиниот обид за амнестирање од скандалозното помилување, го цениме како крајно комично и недолично. Целосното префрлање вина на Комисијата за помилување и непреземањe никаква одговорност е апсурдно, имајќи предвид дека Комисијата не е ниту уставна, ниту пак законска категорија, односно помилувањето е во пресудна надлежност на Претседателот на Републиката.

Истоветноста на ДПМНЕ и СДС не е само во однос на принципот за ослободување на најеклатантниот криминал, туку и во членовите на Комисијата за помилување. Имено, на Зора Митиќ (којашто е актуелен член на Комисијата составена од Силјановска, а била член на Комисијата и за време на мандатот на Пендаровски) ова ѝ е втор пат да ослободува членови на картелот „Барон“.

Оттука бараме членовите на Комисијата за помилување: Методија Каневчев, Гордан Калајџиев, Арлинда Кадри Шахиновиќ, Зора Митиќ, Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири – јавно да го произнесат нивното мислење за помилуваните осуденици.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button