На ЕНЕР утре ќе бидат ставени пет предлог-закони од областа на образованието

До крајот на ноември се очекува да бидат одобрени пет предлог/закони од областа на образованието. Три од нив се за средно образование како и измени и дополнувања на Законот за основно образование и Законот за националната рамка на квалификации. Министерката Весна Јаневска рече дека во петок во ЕНЕР ќе бидат ставени конечните верзии на овие закони заедно со забелешките и предлозите дадени додека законите биле отворени за јавна расправа.
Јаневска оцени дека земјава може да се пофали со полни средни стручни училишта во кои учат над 70 отсто од вкупниот број средношколци, како и со добро опремени училишни објекти и реформирани наставни програми.
Проектот се реализираше три години по ред додека беше поддржан од Европската Унија. Според Јаневска, иако проектот завршува, соработката со експерти од оваа област ќе продолжи. Јаневска додава дека Македонија се уште има обврски за кои се очекува помош, како оние од Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, каде што јасно е нагласена важноста на образованието.
Мелихате Рустеми