ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претседателката на ЕК пречекана со високи државни почести

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го повтори веќе познатиот став на Унијата дека отворањето на првото групно поглавје со Северна Македонија ќе се случи по спроведувањето на уставните измени. По средбата со премиерот Мицкоски, упати честитки  за постигнатото и реформите што нашата држава ги има направено, потенцирајќи дека а за ова Европската Унија издвоила 750 милиони евра.

Advertisements

„Имаме јасна цел, а тоа е што поскоро да го отвориме групното поглавје „фундаментални вредности“. Скоро сме таму, мора да се донесат уставните измени кои вашата земја ги договори и со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили во државата ќе се обединат и ќе ги преземат неопходните клучни чекори за напредок и убеден сум дека можеме да ги надминеме пречките што постојат“, рече фон дер Лајен.

Како и претходно, така и сега Премиерот Мицкоски, повтори дека има план за деблокирање на интеграциите, без да ги образложи деталите како. Тој не го ни спомна писмото што планира да го испрати до лидерите на ЕУ.

И додека претседателката на Европската комисија денеска беше пречекана со највисоките државни почести од страна премиерот Мицкоски, сликата пред две години кога ВМРО ДПМНЕ беше во опозиција, беше сосема поинаков. Имено, за време на нејзиното обраќање во македонското Собрание пратениците на ВМРО ДПМНЕ и Левица го изразија својот протест од францускиот предлог со транспарентни на кои пишуваше „Не на ултиматумот, да за ЕУ.

Од Скопје, Фон дер Лајен ќе отпатува за Босна, а потоа ќе ги посети Србија, Косово и Црна Гора.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button