Бесплатно ќе се подига цврстиот отпад во Тетово

Менаџерите на фирмата која стопанисува со отпадот во Тетово, придружувани од првиот човек на општината Билал Касами, го промовираа центарот за собирање цврст отпад. Велат дека од сега граѓаните ќе можат сите видови на цврст отпад кој до сега се фрлаше покрај контејнерите, ќе може да го донесат тука.
„Во соработка со Заубермахер го промовираме центарот за собирање отпад кој е многу блиска локација за нашите граѓани и има многу добар пристап. За сите оние кои до сега фрлаа цврст отпад околу контејнерите, сега мора да го донесат овде. Станува збор за важен проект од аспект на создавање подобри услови за чистота на градот. И верувам дека во соработка со граѓаните ова ќе биде чекор кон конечното решение за чистота. Станува збор за поставување на десет контејнери од по пет кубни метри, каде граѓаните ќе можат да носат различни видови отпад, кои главно се отпад што и сега граѓаните го фрлаат во близина на контејнерите. Станува збор за отпадот од дрво, железо, хартија и друга пластика кои претставуваат проблем за управување со комуналниот отпад што го собираат семејствата. Сакам да ја истакнам и промоцијата на шест нови локации каде што се поставени камери, каде ќе бидат идентификувани сите граѓани кои фрлаат отпад таму каде што не треба и ќе бидат преземени соодветни мерки против нив“, рече Касами.
Се очекува отворање на уште еден пункт следната година.
„Во првата фаза ќе собираме цврст отпад, хартија, пластика и електроника, додека со тек на време оваа точка ќе се прошири. Доколку ова биде добро прифатено од граѓаните, следната година ќе направиме уште еден собирен центар, од другата страна на градот, за жителите да го имаат поблиску. За граѓаните бесплатно да го користат овој собирен пункт, доволно ќе ги имаат платено сметките и цврстиот отпад ќе можат да го носат онолку често колку што сакаат. Уште еднаш апелирам до граѓаните доколку имаат цврст отпад да го донесат овде за да се направи како што треба и ќе побарав од граѓаните малку повеќе да се посветат на плаќање на сметките“, рече Роберт Чајиќ, Заубермахер.
Во меѓувреме, првиот човек на општина Тетово најави дека на следната средба со новинарите ќе бидат објавувени фотографии и видеа од луѓе кои фрлаат отпад на места каде што не треба, апелирајќи до судот посериозно да ги земат во предвид ваквите прекршоци.
Башким Сулејмани