ВЛЕН ја прифаќа идејата на Мицкоски за заедничка развојна стратегија

Ќе продолжат да работат за Албанската академија, но на ВЛЕН му се допаѓа и идејата на премиерот Христијан Мицкоски за новата стратегија на МАНУ за развој на државата. Според Билал Касами, сите опции се отворени.
„Албанците се во таа фаза од нивниот развој со три универзитети, треба да бидат застапени на академско ниво. На маса се сите опции за формално решавање. Го започнавме проектот Албанска академија и ќе продолжиме да го поддржуваме како општина Тетово и како ВЛЕН. Но, секако дека сме отворени за сите форми на решавање на ова прашање. Немаме ништо против академици Албанци во МАНУ. Секое институционално решение за ова прашање би било добредојдено“, рече Касами.
Ваквиот променет пристап на ВЛЕН го наметнува прашањето дали проектот „Албанска академија“ беше механизам преку кој се обидува да се вклучи повеќе во Академијата на науките и уметностите на Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски пред неколку дена изјави дека МАНУ и универзитетската заедница треба да се вклучат во новата стратегија со која според него ќе се формулира акцискиот план за следните 25 години во која насока ќе оди државата. Мицкоски рече дека сегашните прогнози велат дека за 70 години, врз основа на овој тренд, Северна Македонија ќе биде раселена. Претседателот на Владата рече дека немањето таква стратегија предизвикало државата да биде неправедно блокирана 20 години и да не ја признаваат многу држави врз основа на уставното име.
АЛСАТ