ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
ССМ: Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените, Владата да преземе поригорозни мерки

Трговците се алчни, повторно се обидуваат да заработуваат на грбот на граѓаните. Владата треба да преземе поригорозни чекори, рече денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, коментирајќи ги ефектите од есенската кошничка.
Како што истакна Трендафилов, трговците го искористија периодот кога мерката за ограничување на маржите беше најавувана, па прво ги зголемија цените, за потоа, кога мерката стапи во сила, да ги намалат.
ССМ не очекува многу и од Законот за нефер трговски практики зашто, според Трендафилов, Инспекторатот кубури со луѓе и не може да исконтролира огромен број трговци.